Развој на содржина за обуката
1.Дедуктивното расудување е важна вештина што се користи за извлекување заклучоци за светот околу нас и за подобрување на перформансите во животот. Учењето и развојот на вештината за дедуктивно расудување, преку логично размислување, може да ни помогнат во донесувањети на значајни и побрзи одлуки, да предвидуваме однесувања, да наоѓаме решенија за непознати ситуации, да решаваме конфликти и да ја зголемиме нашата перцепција за нашата околина, зголемувајќи ја самодовербата. За подобрување на вештините за дедуктивно расудување бара време и вежбање. Затоа, да почнеме да ги учиме, на едноставен начин.
1.1 Што претставува дедуктивно расудување?
Дедуктивното расудување е еден вид расудување, познато и како расудување одозгора надолу. Се користи како помош во научниот метод, а може да се користи и во секојдневниот живот. Овој метод започнува со општа изјава, или хипотеза, и следи неколку чекори за да се дојде до специфичен логичен заклучок. За да функционира дедуктивното расудување, мора да има две вистинити изјави и заклучоци врз основа на тие изјави. Најпрво, постои прeтпоставка, потоа следува втора претпоставка и на крајот логичен заклучок. Претпоставките или изјавите се заклучоци кои мора да бидат вистинити. Значи, ако се тргне од претпоставката дека општата изјава, хипотезата, мора да биде вистинита, втората изјава исто така мора да биде вистинита. Ова се нарекува дедуктивен заклучок.
Како изгледа дедуктивното расудување?
Гледањето примери на дедуктивно расудување може да помогне подобро да се разбере како функционира процесот и подобро да се разбере како функционира расудувањето во пракса. Во прилог се следните примери:
- “Ако патките се птици, а сите птици имаат крилја, тогаш може да се заклучи дека и патките имаат крилја”.
- Броевите кои завршуваат на 0 или 5 се деливи со 5. Бројот 30 завршува со 0, па според тоа, делив е со 5
- Зимзелените дрвја се растенија, а сите растенија вршат фотосинтеза. Според тоа, и зимзелените дрвја го вршат овој процес.
- Благородните гасови претставуваат стабилни соединенија. Бидејќи хелиумот е стабилен гас, тој припаѓа на овие соединенија.
Бидејќи овој тип на расудување најчесто се користи на работното место, друг практичен пример може да биде: Компанија која продава лакови за нокти која претпоставува дека професионалните жени се преоптоварени со семејни и работни обврски и кои генерално, може да се каже дека немаат многу време. Анализирајќи ја оваа ситуација, компаниите заклучиле дека поуспешен маркетинг и производ ќе биде лак кој може да се нанесува и да се суши побрзо од нивните прозводот на нивните конкуренти, а со тоа тој лак ќе биде успешен меѓу нивните потрошувачи
1.2Која е разликата меѓу индуктивно и дедуктивно расудување?
Откако се објасни дефиницијата за дедуктивно расудување, ќе биде објаснета разликата помеѓу дедуктивното и индуктивното расудување. Главната разлика помеѓу овие два вида расудување и логички вештини е тоа што дедуктивното расудување е форма на размислување одозгора-надолу, а индуктивното расудување е тип на размислување оддолу-нагоре. Ова значи дека со индуктивното размислување, прво се формираат заклучокот или хипотезата, а потоа ќесе бараат докази за да се поддржи заклучокот. Спротивно на тоа, кај дедуктивното расудување, се анализираат две вистинити тврдења пред да се донесе заклучок.
1.3Совети за подобрување на вештините за дедуктивно расудување
Во овој момент, да одиме понатаму и да видиме неколку основни совети кои би можеле да ви помогнат да ги подобрите вашите вештини за дедуктивно расудување, нивниот развој и разбирање.
Бидете љубипитни
За да се следат чекорите на методологијата за дедуктивно размислување дискутирана погоре, љубопитноста е важен фактор. Ова нè тера да бидеме внимателни кон нашето опкружување и да ги истражиме појдовните точки од кои ќе започнеме и кои ќе не доведат до конечниот заклучок.
Набљудувајте
Љубопитноста води кон набљудување, поставување прашања, собирање информации и размислување со цел да се разбере светот којшто не опкружува или темата за која станува збор. Внимателно набљудувајте сè, секогаш се одвојувајте време да се погледнат работите по втор пат и се прави обид да се погледнете работите од поинаков агол ако дојде до пречка. Ова многу помага во остварување на целта.
Зголемете го вашето знаење
Колку повеќе знаење стекнувате, без разлика дали со читање книги, слушање подкасти или правење активност од интерес, толку повеќе се зголемува подготвеноста за поврзување помеѓу информациите што сте се анализираат и можните заклучоци за тие информации. На овој начин, природно се јавува „обученост“ и подготвеност за дедуктивно размислување.
Разделете ги проблемите на делови
Ако задачата на почетокот изгледа комплицирана, добар начин е да ги разложите информациите што ги имате на мали парчиња и потоа да видите дали можете да формирате некои премиси од тие делови, додека не можеме да утврдиме што е всушност проблемот. Понекогаш најлесниот одговор е вистинскиот.
- Да се преиспитува се што ќе се слушне
Не го сфаќајте буквално сето она што го слушате и бидете критични. Дедуктивното расудување е начин да се контролираат личните емоции и да се слуша разумот, а ако нешто не може да се разберем, треба да се поставуваат прашања. Не дозволувајте вашите емоции да ги водат вашите заклучоци и секогаш барајте факти.
- Да им се верува на инстинктите
Нашето тело понекогаш е „попаметно од нашиот ум“. Кога ги имате овие моќни чувства, верувајте им. Честопати има суптилни сигнали кои може несвесно да ги примиме и да не ги реализираме до подоцна. Со вежбање, можеме да развиеме и да обрнеме внимание на овие сигнали и да ги користиме во наша корист, при дедуктивното расудување.
- Да се работи со помош на пријател
Разговорот за нештата користи за нивно расчленување и подобро разбирање на истите. Кога понекогаш го немаме одговорот или не го гледаме јасно, важно е да му веруваме на пријател кој ни нуди друга гледна точка што претходно не сме ја разгледале. Ова отвора нов начин на размислување, кој може да помогне во достигнување на целта.
Вештините за донесување одлуки се важни бидејќи го покажуваат нашиот лидерски капацитет, го развиваат и ја прикажуваат нашата способност да размислуваме објективно и да ги поврзуваме концептити, со цел да се постигнат нашите цели. Вештинит за брзо донесување на добри одлуки, може да биде корисна во многу ситуации во животот, надвор од работното место, бидејќи сите ние се соочуваме со низа на мали и големи одлуки во секојдневниот живот.
2.1 Што претставуваат вештините за одлучување?
Едноставна дефиниција на овој концепт може да биде: способноста да се избере помеѓу две или повеќе опции или алтернативи и да се постигне најдобриот исход во најкус можен рок. Донесувањето одлуки се одвива откако ќе се соберат и анализираат информациите достапни за секоја специфична ситуација. За развој на оваа вештина, важно е да се идентификува процесот кој е вклучен и да се искористи максимумот од него за да доведе до донесување правилна одлука. Во прилог, ќе биде прикажана можност за учење на нешто повеќе за ова.
2.2 Како да се подобрат вештините за донесување на одлуки?
Луѓето трошат многу време при донесување на разни видови на одлуку, но покрај сите напорни, не секогаш тие одлуки се вистинските. Она што може да се превземе за подобрување е да се согледаат начини за подобрување на овие вештини и нивен развој, за да се приближиме кон поставената цел.
Да се учи од искуствата
Кога треба да се соочиме со нова одлука, имаме тенденција да мислиме дека секоја одлука е единствена и забораваме на нашите валидни искуства. Добриот совет што го следат најдобрите носители на одлуки е да ги анализираат своите одлуки и начинот на кој ги презеле за да го подобрат процесот. Одвојте време да размислите за вашите неодамнешни одлуки и да научите од нив, посветувајќи го истото внимание на оние што резултирало со добро и оние што не резултирало со добро. Затоа, не заборавајте да учите од минатото за да стекнете мудрост.
Земете го во предвид сомнежот
Да тргнеме од претпоставката дека секогаш ќе има сомнежи и можеби нема да ја најдеме сигурноста што ја сакаме. Претпоставувајќи го ова, можеме да се фокусираме на делото и да ја тестираме одлуката во различни сценарија, прашувајќи се што би се случило ако тргне наопаку, и така да продолжиме со потрагата по најдобрата можна опција.
Имајте повеќе опции
Присуството на опции секогаш носи мир во нашите животи. Во случај на одлучување, колку повеќе опции толку подобро. Но, треба да се внимава да не се надмине препорачаната граница од 3 или 4 опции, во спротивно, тоа ќе ја отежне задачата. Три опции за избор ќе помогнат во процесот на донесување на одлука.
Аргументирајте
Аргументирањето е основна алатка за подобрување на одлучувањето. Секогаш кога е можно, поттикнувајте дебата и аргументирајте, со цел да се исполнат различните гледишта, да ги разберете и да научите од нив. Исто така, потпирајте се на некој кој може да ги преиспита вашите сопствени аргументи, да ги оспори и да ги разбие вашите сопствени шеми.
Разберете го контекстот на својата одлука
Соберете ги и проучете ги сите позадински информации што можете да ги добиете на оваа тема. Ова ќе ви помогне да донесете посигурна одлука. Ова може да се направи преку разговор со луѓе, читање извештаи, посети и набљудување.
Обидете се да експериментирате
Добар експеримент е вистинскиот начин да се примени теоријата во праксата, а корисен начин во безбедна средина. Ако експериментот добие негативен исход, од него сме научиле, а ако добие позитивен исход, ни носи ентузијазам и самодоверба, при носењето на одлуките.
Разглобете ја вашата теорија
Ова претставува едноставен начин. Наместо да се обидувате да ја потврдите коректноста на евентуалната одлука со помош на барање на докази коишто служат во корист на таа одлука, обидете се да најдете докази и теории дека вашата одлука не е исправна, доколку секако, не се докаже спротивното.
Тргнете од претпоставката дека вашата одлука не е исправна
Обидете се да се ставите во ситуација каде донесета одлука не е исправна. Потоа, започнете да се преиспитувате зошто одлуката не е исправна. Откако ќе изнајдете одговори, обидете се подлабоко да ги анализирате и согледајте како овие одговори би ви помогнале во носењето на исправната одлука.
Вклучете надворешни лица
Вклучувањето на надворешни лица, кои не се запознаени со ситуацијата, може да помогне во процесот на донесување на одлуки, бидејќи нивните емоции и настроености се исклучени од ситуацијата. Надворешните лица нудат нова и креативна енергија, којашто може да биде од корист.
лушањето е подобар начин во носењето на одлуки од зборувањето
Ако се наоѓате среде расправија, избегнувајте да ја продолжувате. Најдобрата опција е да слушате внимателно пред да го дадете вашето мислење. Заборавете на доброто и погрешното. Слушајќи отворено, ќе се збогатите со различни факти, мислења и перцепции и ќе можете да создадете свои со помош на сите овие нови информации.
2.3 7 Необични начини за подобрување на вештините за носење на одлуки
Сега кога знаеме повеќе за вештините за донесување одлуки, ајде да погледнеме неколку креативни и здрави начини за нивно подобрување. Со примена на овие совети во редовна рутина, како што е вежбање или учење нешто ново, не само што ќе го подобриме квалитетот на нашите животи, туку и ќе ги подобриме нашите вештини за донесување одлуки.
1.Внесете уметност и култура во животот
Тука може да спаѓа сè, од часови по танц, учење на нов инструмент, сликање со акварели, одење во театар, кино или опера. Ова ќе ви помогне да се чувствувате повеќе инспирирани и креативни, фокусирани, вашите способности ќе се стимулираат, а тоа ќе ви помогне да донесувате одлуки без да го сфатите тоа.
2.Развијте јазични или вештини за програмирање
Истренирајте го својот ум така што ќе научите техничка вештина. Тука може да спаѓа: учење на нов јазик, подобрување на вештините за пишување, или пак подобрување на компјутерските вештини.
3.Дружете се со луѓе од сите возрасти
Обидете се да се опкружите со луѓе од сите возрасни групи, така што нема да изоставите ниту една група. Преку запознавање на различни животи и секојдневија, можете да извежбате активно слушање и, истовремени, да бидете флексибилни и отворени.
4.Вежбајте.
Се додека вежбањето е безбедно за вас, може да изберете начин којшто најмногу ви одговара. Покрај стимулирањето на мозокот и телесната активност, вежбањето го зголемува нивото на енергија, па поради тоа способноста за носење на одлуки се изострува.
5.Експериментирајте во готвењето
Доколку не готвите на секојдневно ниво, не се двоумете дали да започнете, а ако започнете испробајте нови кулинарски хоризонти. Ќе увидите дека додека вашите раце се зафатени во подготовката на храната, вашиот ум, несвесно, ќе го врши процесот на носење на одлуката, којашто ви претставувала потешкотија.
6.Само вежбајте
Како што го учите мозокот да донесува мали одлуки на секојдневно ниво, така ќе добивате искуство и брзина. Откако ќе се чувствувате удобно во носењето на мали одлуки, ќе имате повеќе самодоверба кога ќе стане збор за поголеми одлуки.
7.Запишете ги предностите и недостатоците
Вратете се на познатата и ефикасна техника на список со добрите и лошите страни. Користете големо парче хартија и запишете ги сите позитивни и негативни аспекти на дилемата. Можете да побарате совет од луѓе на кои им верувате или кои имаат искуство во областа, ако сметате дека ви треба, но не заборавајте конечно сами да ја донесете одлуката.
1.Што претставува дедуктивното расудување?
Дедуктивното расудување е вид на расудување, познато уште и како расудување од горе-надолу. Се користи како помош во научните методи, но може да се користи и во секојдневниот живот. Овој метод започнува со општа претпоставка, или хипотеза, а потоа следат чекори за да се донесе специфичен логичен заклучок.
2.Која е разликата меѓу индуктивно и дедуктивно расудување?
Главната разлика е во тоа што дедуктивното расудување е размислување од горе-надолу, а индуктивното е размислување од долу-нагоре. Тоа значи дека со индуктивното размислување, прво ќе формирате заклучок или хипотеза, а потоа ќе побарате докази за да го поддржите вашиот заклучок. Спротивно на тоа, дедуктивното расудување анализира две вистинити тврдења пред да донесе заклучок.
3.Набројте 3 начини за подобрување на дедуктивните вештини за расудување
Бидете љубопитни, подобрете го своето знаење, разделете ги проблемите на помали делови.
4.Што претставуваат вештините за донесување на одлуки?
Овие вештини претставуваат способност за одбирате помеѓу две или повеќе можности или алтернативи, со цел да се постигне најдобриот исход за најкраток временски период. Донесувањето на одлуки се одвива откако ќе се соберат и анализираат сите информации достапни за некоја специфична ситуација.
5.Набројте 3 необични начини за подобрување на вештините за донесување на одлуки
Внесете уметност и култура во својот живот, физичка активност, дружете се со луѓе од сите возрасти.
Преку читање на содржината на предметот, учесникот ќе се стекне со основни знаења за „Како да се подобрат вештините за дедуктивно расудување и начини да се зајакнат вештините за одлучување“, што ќе биде поткрепено со визуелна поддршка во PowerPoint и видео формат и едноставни игри,со цел да се зајакне процесот на учење.
Опис
Овој курс ќе претстави концепт на вештини за дедуктивно расудување и некои корисни активности за нивно зајакнување.
Освен тоа, ќе им помогне на корисниците да ја постават основата и да ги подобрат своите вештини во донесувањето одлуки преку практични пристапи на лесен начин.
Резултати од учењето/Цели
До крајот на овој модул, ќе можете да…
- Да го користите концептот на дедуктивно расудување
- Да визуелизирате неколку практични примери на дедуктивно расудување
- Да правите разлика меѓу индуктивно и дедуктивно расудување
- Да дознаете неколку совети како да го подобрите дедуктивното расудување
- Да го користите концептот на вештини за одлучување
- Да научите неколку начини за подобрување на вештините за донесување одлуки
- Да дознаете неколку совети за подобрување на вештините за донесување одлуки
Заклучок
Вештини за дедуктивно расудување
1.1. Што претставува дедуктивното расудување?
Дедуктивното расудување е корисна вештина, уште позната и како расудување од горе-надолу, затоа што ја следи методата којашто започнива со две општи тврдена и хипотеза, со цел да се донесе логичен заклучок, според тврдењата и хипотезата.
Како изгледа дедуктивното расудување?
Пример за две општи претпоставки, со цел да се постигне логички заклучок: Сите благородни гасови се стабилни соединенија. Според тоа, ако хелиумот е стабилен гас, тоа значи дека е стабилно соединение.
1.2 Која е разликата меѓу индуктивно и дедуктивно расудување?
Главната разлика помеѓу овие два вида на расудување е во тоа што дедуктивното расудување е начин на размислување од горе-надолу, а индуктивното расудување е обратно, од долу-наготе.
1.3 Совети за подобрување на дедуктивните расудувачки вештини
- Бидете љубопитни
- Набљудувајте околу себе
- Зголемете го вашето знаење
- Разделете ги проблемите на помали делови
- Преиспитувалте се што ќе слушнете
- Верувајте им на своите инстинкти
- Работете со помош на пријател
- Вештини за донесување на одлуки
2.1 Што претставуваат вештините за носење на одлуки?
Наједноставна дефиниција за овој концепт е следнава: Претставува способност да се направи избор помеѓу две или повеќе можности или алтернативи, со цел да се постигне најдобриот можен исход за најкраток временски период.
2.2 Како да се подобрат вештините за носење на одлуки?
Да погледнеме 9 совети за подобрување на вештините за носење на одлуки!
- Учете од сопствените искуства
- Да се земе во предвид сомнежот
- Понудете си повеќе опции
- Аргументирајте
- Разберете ја суштината на својата одлука
- Обидете се да експериментирате
- Разглобете ја својата теорија
- Претпоставете дека вашата одлука е погрешна
- Вклучете надворешни лица
- Слушањето е подобро за носење на одлуки, отколку зборувањето.
2.3 7 Необични начини за подобрување на вештините за носење на одлуки.
- Внесете уметност и култура во својот живот.
- Развијте ги своите јазични вештини или вештини за програмирање.
- Дружете се со луѓе од сите возрасти.
- Вклучете физичка активност
- Експериментирајте со готвење
- Континуирано вежбајте
7. Запишете ги предностите и недостатоците
Автор
ITSFA
Јазик
АНГЛИСКИ
Речник на поими
Дедуктивно расудување: Дедуктивното расудување е вид на расудување, познато и како расудување одозгора надолу. Се користи како помош во научниот метод, а може да се користи и во секојдневниот живот. Овој метод започнува со општа изјава, или хипотеза, а потоа следуваат неколку следни чекори за да се дојде до специфичен логичен заклучок.
Индуктивно расудување: Индуктивното расудување е тип на размислување оддолу нагоре. Со индуктивното размислување, прво се формира заклучок или хипотеза, а потоа се бара докази за да се поддржи донесениот заклучок.
Донесување одлуки е способност да се избере помеѓу две или повеќе опции или алтернативи и да се постигне најдобриот исход во најкус можен рок. Донесувањето одлуки се одвива откако ќе се соберат и анализираат информациите достапни за секоја специфична ситуација.
- How to Improve Your Deductive Reasoning Skills (With Examples and Tips)
- https://www.indeed.com/career-advice/career-development/improve-deductive-reasoning-skills
- 6 Ways to develop your deductive reasoning
- https://www.independence.edu/blog/develop-deductive-reasoning
- 9 Ways to Improve Your Decision Making
- https://www.projectmanager.com/blog/9-ways-improve-decision-making
- Decision Making Skills: Definition & 30+ Examples
- https://zety.com/blog/decision-making-skills-resume
- Decision-Making Skills: Definition and Examples
- https://www.indeed.com/career-advice/career-development/decision-making-skills
- Important Decision-Making Skills That Employers Value
- https://www.thebalancecareers.com/decision-making-skills-with-examples-2063748
- Deductive Reasoning: What It Is, Why It’s Important, and Examples
- https://www.glassdoor.com/blog/guide/deductive-reasoning/
- Deductive Reasoning vs. Inductive Reasoning
- https://www.livescience.com/21569-deduction-vs-induction.html
- How to Improve Decision Making Skills | Decision Making Process
- https://www.youtube.com/watch?v=2tCYy66CyuQ&t=2s
- Skillopedia – How to make quick and confident decisions (Personality Development & Decision Making)
- https://www.youtube.com/watch?v=LbNxBW-kQxU
- 7 Unusual Ways to Improve Your Decision-Making Skills
- https://www.topuniversities.com/blog/7-unusual-ways-improve-your-decision-making-skills
- 15 Ways to Improve Your Decision-Making Skills
- https://www.indeed.com/career-advice/career-development/how-to-improve-decision-making
- How to Improve Decision Making Skills – 7 Fearless Steps
- https://productiveclub.com/improve-decision-making-skills/
- https://ideasenlinea.com/negocios/objetivos-de-una-empresa/
- https://www.vectorstock.com/royalty-free-vector/adorable-curious-human-brain-with-glasses-solving-vector-21694441
- https://blog.dropbox.com/topics/work-culture/trust-your-gut-instinct
- https://reputationtoday.in/journalists-and-pr-folks-both-sides-need-to-respect-each-other/
- https://www.inc.com/jim-schleckser/how-to-argue-productively.html
- https://www.searchenginejournal.com/ppc-failure-success-lessons/288675/
- https://www.nytimes.com/guides/smarterliving/be-a-better-listener
- https://www.matrixmag.com/do-you-need-a-tribe/
- https://storyset.com/illustration/creative-thinking/bro
- https://storyset.com/illustration/active-elderly-people/amico
- https://lipstickjunkiepro.com/avon-pros-and-cons/
- https://cdn.substack.com/image/fetch/f_auto,q_auto:good,fl_progressive:steep/https%3A%2F%2Fbucketeer-e05bbc84-baa3-437e-9518-adb32be77984.s3.amazonaws.com%2Fpublic%2Fimages%2F4e924855-1cd1-43b5-ba89-eba12e6c5928_861x460.png
- https://ed.unc.edu/2018/04/15/cultivating-creativity-in-classroom-learning/
Game Content