e-seniors

E-Seniors е непрофитна организација, основана во 2005 година. E-Seniors имаат за цел да се борат против е-исклучувањето, нудејќи  обука за ИКТ на стари лица (луѓе на возраст од 55 години и повеќе). E-Seniors обезбедува ИКТ курсеви за постари лица на јавни места низ целиот регион на Париз. Преку своите активности за и со постари лица, E-Seniors ја подигаат свесноста за важноста на ИКТ решенијата во секојдневниот живот. E-Seniors, исто така, предлагаат интерактивни активности за игри во живеалишта за стари лица, домови за пензионери и дневни центри. E-Seniors имаат големо искуство во управувањето со проекти поврзани со ИКТ алатките и здравото стареење, финансирани од европски програми, како што се Horizon 2020 и Еразмус+. Е-Сениори се партнер на EIT Food и Health KIC.