Како што се зголемува животниот век, во Европа се зголемува бројот на населението кое старее. Според Евростат, до 2050 година, едно од четири лица ќе има над 65 години; социјалните политики за старите лица во Европа често го занемаруваат доживотното учење, и покрај фактот што одржливоста на системите за социјална заштита се потпира на автономијата и на учеството на постарата популација во заедницата.
Врз основа на овие недостатоци, проектот “DISK: Дигитални вештини за Европа која старее “ ќе усвои меѓусекторски и родово чувствителен пристап и ќе го искористи вредното искуство на своите партнери (8 организации од 6 различни држави) за да им обезбедат на ПОстарите лица иновативни и прилагодени можности за обука.
Проектните партнери ќе ги имплементираат следните активности:
- .Развој на ОЕР платформа достапна за сите, бесплатна, во целосен режим на отворен пристап и во повеќејазични верзии (EN, FR, GR, IT, MK, ES) каде што ќе се објави целата произведена содржина.
- Развој на високо интерактивни курсеви за е-учење за подобрување на меморијата и вештините за учење на постарите лица, за да им се помогне да се запознаат со практични услуги како што се купување и резервирање преку интернет, итн., со цел подобрување на нивните когнитивни способности и здравје, како и спречување на падот на нивните вештини и деменција.
- Развој на упатства за олеснување на употребата на дигитални вештини за Европа која старее за да се одржат резултатите од проектот надвор од кофинансирањето на Еразмус и да се прошири опсегот на неговото влијание.
Од самиот почеток на проектите, партнерите соработуваат за да се воспостави присуство на интернет и визуелен идентитет на проектот.
Под водство на грчките и шпанските проектни партнери (Mathemagenesis and Internet Web Solutions , експерти за ИТ и веб дизајн од нашиот конзорциум), партнерите се во процес на финализирање на проектните дигитални ресурси.
Со прецизна точност, сите проектни партнери учествуваат во дизајнот на ОЕР платформата во однос на:
- Проценка на прилагоденост на корисникот
- Евалуација на неговата леснотија за користење
Досега, имплементацијата на платформата е “smooth-and-easy” процес; комуникацијата и соработката меѓу партнерите овозможуваат голема ефикасност и динамика.
Во исто време, партнерите претставуваат идеи за можни линии за интервенција за развој на високо интерактивни курсеви за е-учење за подобрување на меморијата и вештините за учење кај постарите лица, да им помогнат да се запознаат со практични услуги како што се купување, резервирање преку интернет, итн., со цел подобрување на нивните когнитивни способности и здравје, како и спречување на пад на нивните вештини и деменција. Областа на работа е поделена на 4 макро теми, во согласност со научните препораки за спречување на менталниот пад:
- Меморија:визуелна, вербална и просторна можност за памтење и повикување на информаците кога е потребно
- Извршни функции: вештини како разбирање со луѓе, планирање, регулирање на однесувањето
- Перцепција: како комуницираме со околината
- Внимание: обработка на визуелни и аудитивни стимули, избор и разликување на „релевантни“ од „нерелевантни“
In the Project, IHF asbl brings its expertise and experience as a key social player in international and European projects. In particular, IHF asbl ensures the “European Dimension” of the Project as it carries out all the technical tasks from a “European Perspective”, i.e. carrying out analysis of relevant EU policies and initiatives; extrapolating EU relevant case studies, lessons learned and best practices.