На 12 јануари 2021 година, ИРЗ учестуваше на онлајн Kick-off состанокот за дигитални вештини за Европа која старее , проект кој обединува осум партнери од шест земји (Белгија, Франција, Грција, Италија, Република Северна Македонија и Шпанија). Kick-off состанокот, чии домаќин е E-SENIORS: INITIATION DES SENIORS AUX NTIC ASSOCIATION, првично беше планиран во Париз, но беше одржан онлајн поради КОВИД-19 ограничувањата.

Како што се зголемува животниот век, во Европа се зголемува бројот на населението кое старее. Според Евростат, до 2050 година, едно од четири лица ќе има над 65 години;

Социјалните политики за старите лица во Европа често го занемаруваат доживотното учење, и покрај фактот што одржливоста на системите за социјална заштита се потпира на автономијата и на учеството на постарата популација во заедницата. Бидејќи истражувањата покажуваат дека дел од вештините се намалуваат со возраста, јасно е дека повеќе внимание и ресурси треба да се посветат на доживотното учење.

Дополнително, недостатокот на вештини се поврзува со поголем од осаменост, изолација и социјална исклученост, кои пак се важни фактори на ризик и можат да доведат до лошо ментално и физичко здравје кај постарите лица, особено во отсуство на семејни мрежи или недоволна семејна поддршка.

Проектот Дигитални вештини за Европа која старее претставува конкретен одговор на оваа потреба, бидејќи има за цел да го промовира активното стареење преку охрабрување на постарите луѓе да усвојат низа добри практики за зачувување на нивното здравје преку употреба на нови технологии.

Дигитални вештини за Европа која старее ќе усвои меѓусекторски и родово чувствителен пристап и ќе го искористи вредното искуство на своите партнери за да им обезбеди на постарите лица иновативни и прилагодени можности за обука.

Проектните партнери ќе ги имплементираат следните активности:

  1. Развој на ОЕР платформа достапна за сите, бесплатна, во целосен режим на отворен пристап и во повеќејазични верзии (EN, FR, GR, IT, MK, ES) каде што ќе се објави целата произведена содржина.
  2. Развој на високо интерактивни курсеви за е-учење за подобрување на меморијата и вештините за учење на постарите лица, за да им се помогне да се запознаат со практични услуги како што се купување и резервирање преку интернет, итн., со цел подобрување на нивните когнитивни способности и здравје, како и спречување на падот на нивните вештини и деменција.
  3. Развој на упатства за олеснување на употребата на дигитални вештини за Европа која старее за да се одржат резултатите од проектот надвор од кофинансирањето на Еразмус и да се прошири опсегот на неговото влијание.

Институт за развој на заедницата (ИРЗ), како проектен партнер активно ќе придонесе за успешна имплементација на проектните активности: интелектуални резултати, активности за дисеминација, итн. ИРЗ ќе биде водечки партнер и координатор одговорен за координација на процесот за дизајн и импрелентација на интелектуален резултат 4.

About Author