CDI

Институт за развој на заедницата (ИРЗ) е невладина и непрофитна национална чадор асоцијација за развој, образование и социјални услуги.

Искуството на ИРЗ се базира на повеќе од 25 години работа во заедницата, адресирајќи ги проблемите, потребите на граѓаните и помагајќи во надминување на предизвиците.

Стратешки цели:

1. Подобрување на условите за живот и стандардот на живот.
2. Зајакнување на демократијата и граѓанското општество;
3. Стручно образование и обука / ИТ обука
4. Економски развој
5. Социјални услуги за ранливи групи
6. Социјална кохезија

ИРЗ работи на локално, национално и меѓународно ниво, обезбедува услуги и спроведува активности во различни региони и во партнерство, во различни држави. Спроведуваме активности на 4 континенти: Азија, Африка, Европа и Северна Америка.

ИРЗ има големо знаење и искуство во имплементација на проекти финансирани од ЕУ, обезбедувајќи квалитетни резултати и услуги:

• создавање на разновидни е-платформи и отворени образовни ресурси, курсеви за е-учење, поседува многу силен потенцијал и човечки капацитети за имплементација на проекти поврзани со е-учење.
• поседува релевантно знаење и искуство при спроведување на програми за стручно образование и обука, нуди обуки во соработка со локални и државни институции на различни теми.
• организацијата е верификуван понудувач на стручно образование и обука, како и образование на возрасни од страна на Министерството за образование и наука на Македонија.
• ИРЗ е добро позиционирана во Македонија како организација која работи на развој на образованието за возрасни и е признаетаа од институциите како релевантна организација во таа област, потврдено со потпишани меморандуми за разбирање и соработка
• работи како социјално претпријатие и нуди производи и услуги за заедницата.
• организацијата е секретаријат на националната платформа за економски развој која обединува универзитети, стопански комори, граѓански оргнаизации и други релевантни институции.