На 24-ти јуни 2022 година, проектните партнери присуствуваа на вториот транснационален состанок во рамки на DISK, проект кофинансиран од Програмата Еразмус плус на Европската комисија, која обединува 8 партнери од 6 земји (Франција, Италија, Белгија, Шпанија, Грција, Република Северна Македонија). Состанокот се одржа во Пескара, Италија, домаќин беше италијанскиот партнер IDP.
Главната цел на состанокот беше да се анализираат предвидените проектни резултати IO1, IO3 и IO4. Проектните партнери имаа можност да го разгледаат напредокот на платформата со отворени ресурси за учење на интернет, како и да утврдат временска рамка за тестирање и валидација од страна на проектните партнери и целната група.
Во однос на проектниот резултат IO4, конзорциумот ги утврди следните чекори и временската рамка за негова имплементација. ИРЗ претстави предлози за содржината и за задачите кои треба да се реализираат, и сите партнери дефинираа акциски план за следните месеци.
Социјалните политики за старите лица во Европа често го занемаруваат доживотното учење, и покрај фактот што одржливоста на системите за социјална заштита се потпира на автономијата и на учеството на постарата популација во заедницата. Бидејќи истражувањата покажуваат дека дел од вештините се намалуваат со возраста, јасно е дека повеќе внимание и ресурси треба да се посветат на доживотното учење.
Дополнително, недостатокот на вештини се поврзува со поголем од осаменост, изолација и социјална исклученост, кои пак се важни фактори на ризик и можат да доведат до лошо ментално и физичко здравје кај постарите лица, особено во отсуство на семејни мрежи или недоволна семејна поддршка.
Проектот Дигитални вештини за Европа која старее претставува конкретен одговор на оваа потреба, бидејќи има за цел да го промовира активното стареење преку охрабрување на постарите луѓе да усвојат низа добри практики за зачувување на нивното здравје преку употреба на нови технологии.
Програма за доживотно учење, Програма за владеење на правото и мерки за градење доверба, Програма за социјална инклузија, Програма за самоодржливост и градење капацитети, Програма за рурален развој Програма за заштита на животната средина,Активности во рамките на други мрежи и здруженија