На 22-ри септември 2022 година, ИРЗ учествуваше на третиот транснационален состанок во рамки на проектот ДИСК, иницијатива кофинансирана од Програмата Еразмус плус на Европската комисија. DISK обединува 8 организации од 6 различни држави (Франција, Италија, Белгија, Шпанија, Грција, Република Северна Македонија). Состанокот се одржа во Малага, а домаќин беше шпанскиот проектен партнер ITSFA.

Главната цел на состанокот беше да се процени проектната имплементација и проектните резултати, особено IO4. По проверка на статусот на ОЕР платформата, партнерите ги споделија своите искуства во врска со активностите за тестирање и валидација и дефинираа

временска рамка за изработка на документот Упатства и Препораки за Политики. Партнерите, кои веќе спроведоа сесии за Т&В, изјавија дека добиле позитивни повратни

Tинформации од целната група. Учесниците биле задоволни од обуката развиена од страна на Конзорциумот и потврдија дека содржината на модулите ќе им помогне да го намалат јазот во дигиталните вештини и ќе ги поддржат во некои секојдневни дигитални активности. Состанокот, исто така, претставуваше можност партнерите да почнат да го оценуваат влијанието на резултатите од проектот на локално ниво и да дефинираат јасна стратегија која ќе гарантира видливост и одржливост на DISK ресурсите на национално и европско ниво.

About Author